Седум тајни за сензационален соло-секс

Како и сексот во двојка, така и соло-сексот носи бројни корисни работи за здравјето. Сепак, и мастурбацијата си бара одредени вештини. Прочитајте ги овие неколку совети што ќе ве однесат во царството на соло-секс.

Опуштање

Клучот за ужувањето се крие во вашата способност да се опуштите. Со други зборови, пронајдете модел кој ќе ви помогне сите тегоби и нервози да ги оставите позади врата.

Возбуда

Сексот секогаш почнува во мозокот, па затоа некое време мислете на работи кои ве возбудуваат – претходни сексуални искуства, сцени од порно-филмови или згодниот колега. Важно е во главата да мислите на секс.

Гледање

Ако никогаш детално не сте го погледнале вашиот полов орган, крајно време е да го направите тоа. Земете огледало и тргнете во авантурата на истражување. Дозволено е да користите и прсти додека ги истражувате различните делови на органот. Навистина е важно добро да го запознаете својот полов огран бидејќи тоа е предуслов за секое наредно сексуално задоволство.

Играње

Легнете на грб и допирајте го своето тело од глава до пети. Тоа нека бидат сензуални допири, а посебно внимание посветете на ерогените зони. Задржете се што подолго на половиот орган, а допирите нека бидат со различен интензитет. Запомнете, тоа е само игра, нема место за срам или непријатни чувства. Уживајте во сопственото тело.

Секси-играчки

Многу жени се држат настрана од вибраторот, но тој може да ви пружи големо задоволство. Со него може лесно да ги допирате сите делови од телото, не само гениталиите. Секако, спријателете го со вашиот клиторис и ќе видите дека ќе станат неразделни.

Дишење

Откажете се од потребата да го задржите дишењето. Тоа често се јавува кога кулминацијата е близу, но наместо тоа дишете длабоко и полека. Тоа ќе го овозможи ширењето на чувството по целото тело. Веројатно ова нема да ви успее првиот пат, но со време и вежбање сигурно ќе успеете.

Повеќе оргазми одеднаш

Вибраторите се незаморни и без проблем можат да ви пружат повеќе оргазми. За тоа треба пракса, па затоа дадете си време и усовршете се. Поради сопственото задоволство!

- Реклама -