Тест: Се храниме ли правилно

Сите ние постојано наоѓаме изговори за тоа да се храниме нездраво – здравата исхрана е скапа, а примањата мали, немаме време, имаме премногу задачи и уште еден куп други причини.

Вистината е дека оправдување не треба да има. Направете го овој тест и дознајте дали се храните правилно:

1. Колку често јадете свежо овошје и зеленчук?

а) Секој ден и тоа по неколку пати.
б) Се обидувам да јадам овошје и зеленчук барем неколку пати неделно.
в) Барем еднаш неделно.

2. Која е вашата потреба од течности?

а) Мала – две чаши кафе наутро  и немам потреба од ништо друго.
б) Околу литар, а тоа вклучува кафе, чај, сокови и вода.
в) пијам претежно вода – барем два литри дневно.

3. Од што се состои најголемата порција на ручек?

а) Месо.
б) Компири, ориз или некаква салата.
в) Основни млечни производи.

4. Одете до фрижидерот и отворете го. Кои млечни производи ги имате отворено?

а) Крем за кафе, не можам да пијам кафе без крем или млеко.
б) Јогурт.
в) Во фрижидерот секогаш има нискомаслено млеко, сирење и урда.

5. Дали консумирате производи од соја?

а) Никогаш не сум се обидел/а.
б) Ги користам повремено наместо месо.
в) Доста често се присутни на трпезата.

6. Обидете се да го опишете вашето дневно мени, од она што најчесто се состои?

а) Наутро кафе – задолжително на ручек претежно брзи закуски,  навечер – пржени или печени компири, месо.
б) Наутро едно јаболко, кафе или чај, на пладне – салата, а навечер различно, но шпагетите ми омилени.
в) Натро житна каша, чај или кафе без шеќер, на пладне топок диетален леб, во комбинација со манџа и зеленчук, навечер салата со сирење или урда.

7. Ајде сега, признајте какви масла имате во вашата кујна?
а) Само масло.
б) Сончогледово масло и масло.
в) Маслиново масло и малку масло.

8. Потсетете се што сте јаделе во текот на изминатата недела?
а) Помфрит, секогаш го претпочитам тоа.
б) Ориз, компири.
в) парен зеленчук.

9. Колку често јадете риба или рибени деликатеси?
а) Доста ретко.
б) сакам деликатеси, јадам еднаш неделно.
в) рибата е присутна во менито, барем два пати неделно.

Одговори на тестот:

Секое прашање со одговор а) носи 1 поен, одговор б) 2 поени и одговор в) 3 поени.

Резултати од тестот:

Од 9 до 14 поени

Вие во најголем дел од времето јадете нездрава храна. Ова треба драстично да се промени! Се разбира, тоа не значи да ги исклучите целосно омилените калорични јадења од менито, туку да внесете и повеќе овошје и зеленчук. Движете се повеќе, планирајте фитнес недела со здрава исхрана и вежбање. Ќе видите дека не е сè така комплицирано, како што сте си го замислувале.

Од 15 до 20 поени

Вие веќе сте тргнале по вистинскиот пат или со други зборови сте почнале да се храните правилно, но има уште многу да направите. Ви претстои да дознаете кои се слабите места – на работа или дома. Не заборавајте ги вежбите кои во комбинација со здраво мени, ќе ве направат поздрави, убави и среќни. Пијте повеќе вода и помалку слатки пијалоци, пробајте со овошни или зеленчукови денови во сабота и недела и една салатна вечера, еднаш неделно. Многу наскоро ќе се радувате на одлични резултати.

Од 21 до 26 поени

Честитки – вие сте професионалци во областа на здравата исхрана! Настојувате и ви оди навистина добро. Продолжете да си јадете корисна храна, да пиете многу вода и изберете некој спорт кој ќе ве полни со енергија. Немојте да бидете премногу строги, од време на време може да си каснете и некое „зло“, но да не ви станува навика.
Ако сте во добра физичка форма и умеете да се дистанцирате од стресни ситуации и да се опуштите, вие сте на одличен пат.

- Реклама -