Хороскопот ги разоткрива најголемите лажговци

Покрај овие луѓе, потребни ви се очи и на грбот.

Доколку не сте сигурни, колку можете да им верувате на своите пријатели, партнер и колеги, проверете дали се наоѓаат меѓу овие три знаци – бидејќи тие се најголемите лажговци во зодијакот.

ЛАВ

На лавот му е неопходно да биде секогаш во центарот на вниманието. За да го постигне тоа често ги преминува границите на добриот вкус. Поради тоа е способен да лаже, да измислува и да добива аплауз. Но, ако го фатите во лага никогаш нема да признае. Ќе ве убеди дека црното е бело и на крајот ќе излезете човек кој во се наоѓа маани и сака да се расправа.

РИБИ

На рибите ни најмалку не им е тешко да лажат, за да ги зачуваат своето има и слава. Овој знак е познат по својата посесивност, љубомора и самосожалување и по тоа што сака и кај другите да предизвика завист. Бидејќи веќе живеат во светот на фантазијата, на рибите воопшто не им е тешко да измислуваат приказни. Така добро умеат да им замачкаат очи на слушателите, бидејќи тие не зборуваат чисти лаги, туку онакви што во нив има некаква основа на вистина. Покрај тоа, во состојба се и самите да поверуваат во своите лаги, што технички гледано значи дека не лажат.

БЛИЗНАЦИ

Чувајте се од нив. Тие толку лесно лажат, што тоа им е најприродна работа на светот. Што се однесува до работното место, со својот шарм ќе изградат поголема доверба и ќе ве издадат. Тие толку често лажат, што повеќе не знаат што и кому кажале. Тука веќе сме во дилема, дали близнаците се најголеми лажливци, или пак најмногу фаќани во лагите. Исто така, не знаат да зачуваат тајна, а кога ќе ја откријат на трета личност, секогаш и додаваат малку зачин.

- Реклама -