Ноќевање во писта за ски скокови

Пистата за ски скокови Холменколен во Осло, Норвешка, води до 60 метри над земјата и е предизвик за спортистите.

Интересно е тоа што два дена во годината може да се живее во нејзината внатрешност, и тоа во луксузен амбиент.

Можноста се добива преку оглас, поконкретно станува збор за конкурс. Имено, ентузијастите треба да испратат текст до 100 зборови, во кој ќе објаснат зошто сакаат да спијат во стаклената хотелска соба на 60 метри над земјата.

Оваа година датумите за ноќевање се 26 и 27 март, а крајниот рок за испраќање на текстот е 16 март.

Вака изгледа собата:

g1 g2(1) g3 g4 g5 g6 g7

 

- Реклама -