Најголемите баксузи меѓу хороскопските знаци

Дали сте на списокот?

Девицата е еден од трите хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле и со што заслужиле таква судбина?
На сите во некои периоди од животот ни изгледа како да сме родени баксузи. Колку навистина има вистина во тоа, ни открива хороскопот.

Ова се три хороскопски знаци, што најчесто прашуваат каде згрешиле и со што заслужиле таква судбина…

Девица

Девиците се вешти во решавањето на туѓи проблеми и советување, но самите на себе, не умеат да си помогнат. Кога се нервозни, тие чистат, полираат, па животниот простор им е толку стерилен што на гостите може да им се чини и малку непријатно. Склони се да живеат уредно. Тие етикетираат, сортираат, а кога нешто излегува од линијата, ги фаќа паника. Нивниот живот е константно непријатно изненадување. Речиси завршиле со чистење, и на килимот им се разлева чаша со вино. Целиот живот им е исправуање на некои „криви-дрини“, па често се прашуваат со што заслужиле да бидат толкави баксузи.

Вага

Она што вагите најмногу ги нервира е неправдата. ја воочуваат насекаде околу себе, а често и ја чувствуваат на својата кожа. Спаѓаат меѓу оние луѓе кои со денови можат да размислуваат за една постапка и „што би било, кога би било“… Им одговара друштвото на убави луѓе и луксузни предмети. Изгледот им е многу важен, така што никогаш не сакаат да размислуваат за стареењето и тоа е за нив една од најголемите неправди во светот.  Исклучително сакаат да си играат детективи, да разоткриваат измами, да демаскираат измамници и лажговци, само проблемот е во тоа што се сфаќаат лично. За нив и самиот факт дека постојат лоши луѓе е лична навреда. Кога решаваат нечии проблеми, вагите ги доживуваат како свои. Се сметаат себе си за баксузи, мислат дека сите неправи им се случуваат поради лоша карма и навистина се ужасно склони непријатности, бидејќи многу лесно ги прифаќаат како такви.

Риби

Рибите се самите на себе си проклети. Слабо контактираат со реалноста, па често запаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и неискалкулирано. Тие во својата глава го имаат зацртано нивниот живот, како истиот треба да изгледа и како совршениот свет треба да функционира. Ова е особено изразено под дејство на алкохол, или кога се понесени од емоции.

- Реклама -