Виц: Како да препознаете математичар?

Физичар и инженер се возат во воздушен балон. Одеднаш започнува моќна бура и ги исфрла од курсот. Кога конечно се стабилизирале, физичарот гласно прашал:

– Може ли некој да ни каже каде сме?

Само миг подоцна се слушнал следниов одговор:

– Се наоѓате во воздушен балон!

– Оф, одговорил инженерот – ова е математичар.

– Како знаеш? – прашал физичарот.

– Па, одговорот му беше совршено правилен и апсолутно бескорисен.

- Реклама -