Трејлер: Taken 2

Лијам Нисон се враќа во улогата на Брајан Милс, пензиониран агент на ЦИА, кој со своите натпросечни способности не запира пред ништо за да ја спаси својата ќерка Ким од албанските киднапери, во продолжението на филмот Taken.

Кога таткото на еден од киднаперите од првиот дел одлучува да му се одмазди на Нисон и на неговата жена, агентот ја става својата ќерка во улога на спасител и повторно ги користи своите вештини за да си го спаси семејството од рацете на опасноста.

Покрај Нисон, во Taken 2 главните улоги ги толкуваат и Меги Грејс, Фамки Џенсен и Раде Шербеџија. Филмот го режираше Оливиер Мегатон, сценариото го напишаа Лук Бесон и Роберт Мак Камен, а светската премиера е закажана за 5 октомври.

{youtube}VpaT8NzkLgE{/youtube}

- Реклама -