Еве зошто криминалците во Британија ги обожаваат Нокиите стари 16 години

ЛОНДОН – Дилерите на дрога не сакаат да користат паметни телефони, па се во постојана потрага кон старите модели, а наводно, омилен им е Нокиа 8210.

Британските медиуми тврдат дека криминалците во Бирмингем се свртеле кон обичните мобилни телефони за да можат да и избегаат на полицијата. Не е реткост да се продаде крек во замена за стар телефон, наместо пари.

nokia-8210

„Имам три Нокии 8210, и преку нив полицијата не може да ме лоцира, а и подолго ми трае батеријата. Имам доверба во старите Нокии“, открил еден дилер.

Овој телефон не поседува GPS кој се наоѓа во паметните телефони, ниту Bluetooth, NFC или WiFi. Овие телефони станале толку популарни, што и ден денес се продаваат „како алва“. Интересно е дека неговата просечна цена денес изнесува околу 30 фунти, што е многу за користена технологија стара 16 години.

- Реклама -