Сина месечина и делумно затемнување на 31 декември

Blue_Moon31 декември не е само денот кога ќе ја испратиме старата и ќе ја дочекаме новата година. Крајот на декадата ќе биде обележан и со еден редок феномен: сина месечина и еклипса во исто време.

lunareclipse31 декември не е само денот кога ќе ја испратиме старата и ќе ја дочекаме новата година. Крајот на декадата ќе биде обележан и со еден редок феномен: сина месечина и еклипса во исто време.

Сина месечина се нарекува втората полна месечина во месецот или 13-тата полна месечина во една година, односно ретките случаи кога наместо вообичаените 12 полни месечини за време на календарската година има 13. Ова се должи на фактот што лунарниот циклус е за малку пократок од календарскиот месец, што значи дека има една дополнителна полна месечина на секои 2,7 години.

На 31 декември во 19 часот и 53 минути ќе се случи и делумно затемнување на месечината кое ќе биде видливо во поголемиот дел од Европа, Африка, Азија и Австралазија. Месечината ќе ја допри сенката на Земјата во 19 часот и 53 минути, а последен контакт со неа ќе има во 20 часот и 53 минути. Половина час пред и после овој контакт ќе може да се види и влијанието на земјината полусенка врз површината на Месечината.

Затемнувањето на Месечината се случува кога Земјата се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината, така што сончевите зраци се блокирани и Месечината изгледа како да е во сенка. Обично се случува два пати годишно, а затемнувањето да се совпадне со сина месечина е многу ретка појава: во зависност од локацијата и дефинирањето, тоа се случило само четири пати во текот на минатиот век. [New Year’s Eve brings lunar rarity]

- Реклама -