Еден ден ќе имам син…

Еден ден ќе имам син и ќе направам се’ поинаку.
Од 3-годишен ќе му повторувам: „Душо, ти не треба да стануваш инженер или правник. Не е важно каков ќе бидеш кога ќе пораснеш. Ако сакаш да си архитект – добро! Фудбалски коментатор – одлично! Кловн во трговски центар? Одличен избор! ”

Кога ќе наполни 30 ќе дојде кај мене, ќе го соблече тешкиот костим на кловн, а шминката ќе тече по неговото лице и ќе ми каже: “Мамо, јас наполнив 30 години, а сум кловн во трговски центар. Тоа ли го сакаше за мене? Што мислеше кога ми велеше високото образование не е задолжително? Што мислеше кога ми даваше да играм надвор, наместо да решавам задачи? ”

А јас ќе му одговорам: “Душо, јас ти ги слушав желбите, не сакав да те притискам! Ти не сакаше математиката, преферираше да играш надвор со децата. ”

Тогаш тој ќе приговара: “Но јас сум бил дете и не сум разбирал за последиците, не сум можел да земам правилни решенија, а ти ми го уништи животот!” И ќе ја доразмачка шминката на кловн по лицето.

Тогаш ќе го погледнам во очи и ќе му речам: „Така. Во светот постојат два типа на луѓе: едните живеат, а другите бараат виновници. Ако не разбираш што значи тоа, тогаш си идиот. ”

Тој ќе падне и ќе онесвести. Ќе му бидат потребни најмалку пет години посети кај психотерапевт.

Или не …

Еден ден ќе имам син и ќе направам се поинаку.

Од 3-годишна возраст ќе му повторувам: „Сине, не биди идиот. Размислувај за иднината. Учи математика, ако не сакаш цел живот да работиш тешка физичка работа. ”

Кога ќе наполни 30 години и пред мене ќе се исправи испотен и проќелавен програмер, со длабоки брчки и очила, и ќе ми каже: “Мамо, јас имам 30 години. Работам во Google 20 часа на ден. Немам семејство. Што мислеше кога ми велеше дека добрата работа ќе ме направи среќен? Што мислеше кога ме тераше да учам математика? ”

А јас ќе му одговорам: „Душо, јас сакав да добиеш добро образование. Сакав да имаш можности! ”

Тогаш тој ќе ми одговори: „Зошто ми се овие опции кога сум несреќен? Поминувам покрај кловн во трговскиот центар и му завидувам, мамо! Тој е среќен. Можев да сум на негово место, но ти ми го уништи животот! ”

Тогаш ќе го погледнам во очите и ќе му речам: „Така. Во светот постојат два типа на луѓе: едните живеат, а другите бараат виновници. Ако не разбираш тоа значи дека си идиот. ”

Тој ќе падне и ќе онесвести. Ќе му бидат потребни најмалку пет години посети кај психотерапевт.

Или ќе постапам поинаку.

Еден ден ќе имам син и ќе направам на друг начин…

Од 3-годишна возраст ќе му повторувам: „Јас не сум тука за да ти кажувам што да правиш. Јас сум тука за да те сакам. Оди кај татко ти, прашај го него, не сакам повторно да сум јас крива за твоите одлуки. ”

И кога ќе наполни 30 години ќе дојде кај мене, испотен режисер, со длабоки и тажни очи, и ќе ми каже:

“Мамо, јас наполнив 30 години! Веќе 30 години се обидувам да го добијам твоето внимание, мамо. Ти посветив тебе десет филма и пет драми. Напишав книга за тебе, но ми се чини дека на тебе не ти е гајле. Зошто никогаш не изрази мислење? Зошто постојано ме испраќаше кај татко ми? ”

А јас ќе му одговорам: „Душо, јас не сакав да решавам наместо тебе. Јас едноставно те сакав, а за совети го имавме татко ти. ”

Тогаш тој ќе ми одговори: „Не ми е гајле за советите на татко ми. Цел живот ги сакав твоето мислење и внимание. Подготвен сум да дадам се само да дознаам што мислиш за мене. Ти ми го уништи животот со твоето молчење! ”

Тој ќе падне и ќе онесвести. Ќе му бидат потребни најмалку пет години посети кај психотерапевт.

Овој текст е создаден од Светлана Хопс, како превенција за перфекционизмот на мајките и стремежот да станат идеални родители. Колку и да се трудиме да бидеме добри мајки, децата секогаш ќе најдат начин да ве обвинат за своите неуспеси кои во животот се неизбежни.

- Реклама -