Предлог филм: Spirited Away

Според многумина ова е еден од најдобрите анимирани филмови создадени некогаш и се смета за најуспешен филм во Јапонската кино – анимирана фантазија.Култното дело е филм на мајсторот Мијазаки и е создадено во 2001 година, со тоа што првичната идеја на режисерот била да напише приказна инспирирана од 10-годишната ќерка на негов пријател. Со ликовите, кои ги создава понатаму во филмот, Мијазаки цели да изгради херојски лик кој што ќе им служи како пример на младите.

n

Кога 10-годишната Чихиро е на пат да се пресели со своето семејство во новиот дом, случајно паѓа во волшебниот свет на духови и чудни суштества.

1

Таму, нејзините родители се претворени во свињи, а Чихиро станува невидлива. Таа сфаќа дека живее во необичен свет, каде што владее злобната вештерка Јобаба.

4

Во овој свет на духови и чудни феномени Чихиро е принудена да бара спас за себе и своето семејство.

Spirited away е една анимација за возрасни. Атмосферата во филмот е уникатна и необјаснива.

6

Spirited away може да се земе како една модерна, филозофска и необична верзија на „Алиса во земјата на чудата“, каде совршено е отсликана нашата зависност од материјални добра, како и губењето на детската бестрашност и валкањето на душата поради потребите од ниски страсти.  Фантазијата и индивидуалноста на филмот стануваат причина тој да ја прими наградата “Оскар” за најдобар долгометражен анимиран филм.

Во продолжение можете да го погледнете целиот филм, со синхронизација на англиски јазик.

- Реклама -