Пиел по 10 лименки Кока Кола дневно, а резултатот e алармантен

Џорџ Прајор, 50-годишен промотер на здравје, направи еден не баш здрав експеримент. За атер на вистината за шеќерните пијалоци и нивниот ефект на здравјето, тој пиеше по 10 лименки Кока Кола дневно, цел месец.

Во превод, Прајор пиел по дополнителни 900 калории и 250 грама шеќер, секој ден. Тоа се 27.000 калории и 7.5 килограми повеќе шеќер во месецот. Резултатот е прилично шокантен. По 30-дневниот експеримент, Прајор доби екстра 12 килограми, пивски стомак, целулит околу колковите („love handles“) и зголемено ткиво на градите („manboobs“).

b4nafter

Тој додава и дека развил блага зависност кон пијалокот, имајќи постојана желба да го пие. Покрај со чувството на постојана подуеност, честите посети на тоалетот и купот од празни лименки, храбриот поборник за здравје морал да се бори и со зголемувањето на крвниот притисок – на почеток на експериментот имал 129/77, за на крајот да стигне до 145/96.

Неговото „нездраво патување“ го документираше во онлајн видео-дневник.

 

ДЕН 1:

 

ДВЕ СЕДМИЦИ ПОДОЦНА:

 

ДЕН 31:

„Ги охрабрувам луѓето да ја преиспитаат дозата на шеќер во нивната исхрана. Луѓето мора да се свесни за реалните и моќни штетни ефекти на шеќерот по нивното здравје“, вели Прајор. Во однос на Кока Кола подвигот, тој додава: „Не би го направил ова повторно. Не ми се допаѓа да сум вака тежок“.

„Децата не треба да треба да пијат Кока Кола. Но тогаш, децата не треба да пијат ни џусеви, исто така, а тешко е во тоа да ги убедите родителите, кои веруваат дека џусот е „природен“, здрав, па дури и „органски“. Всушност, е шеќер, и не само што на децата не им е потребен, туку е штетен за нив… Мислам дека постојат многу луѓе што страдаат од здравствени проблеми како дијабетес и срцеви заболувања, а не се свесни дека можат да си помогнат само со тоа што ќе запрат со шеќерот“, смета Прајор.

- Реклама -