Мексикански наркобос криел таен премин во својот тоалет

Речиси цели 13 години најмоќниот мексикански наркобос, Хоакин Гузман, живеел во сенка, односно сокриен од локалните власти. Криминалецот познат по прекарот „El Chapo“, направил само една клучна грешка, на која со нетрпение чекале државните органи.

Еден од неговите соработници бил прислушкуван, односно тајно работел за федералните агенти откако претходно бил уапсен.

Гузман бил познат по користењето на напредните технологии, но се испоставило дека тајната мрежа на тунели била всушност неговото најсилно оружје за да остане незабележан.

Подигнувајќи ја кадата од тоалетот на криминалецот, се открива влез кој води до мрежата на тунели кои се протегале низ градскиот канализациски систем.

Обидувајќи се да побегне од полициската заседа толку преку овој „премин“, El Chapo бил фатен во заседа, откако претходно неговата тајна била разоткриена.

Во продолжение ви прикажуваме дел од фотографиите кои ги прикажуваат тајните премини, челичните врати, осветлените и неосветлени делови од каналот кои на крајот водат до еден од излезите.

podzemni-tuneli-narkobosa-2 podzemni-tuneli-narkobosa-4 podzemni-tuneli-narkobosa-5 podzemni-tuneli-narkobosa-6 podzemni-tuneli-narkobosa-7 podzemni-tuneli-narkobosa-8 podzemni-tuneli-narkobosa-9 podzemni-tuneli-narkobosa-10 podzemni-tuneli-narkobosa-11 podzemni-tuneli-narkobosa-12

- Реклама -