Женски автомобил на годината за 2014

Новиот Mercedes-Benz S-класа е победник во изборот за „Светски женски автомобил на годината за 2014“, соопштија организаторите. Тој ја освои и наградата во категоријата „Најлуксузен автомобил“.

Во гласањето учествуваа 23 дами, автомобилски новинари од целиот свет, кои требаше да изберат победници во шест различни категории. При оценувањето членовите на жирито го земаат во предвид и изгледот на возилото и нејзиното влијание врз луѓето, како и односот цена-квалитет, кој е еден од главните критериуми при изборот на автомобилот од жените. Второто место и припадна на друга лимузина – Audi A8 која беше за нијанса послаба, а третото е за Tesla Model S, а американскиот електромобил е награден и како најуспешен во категоријата „Најдобар еколошки модел“.

По гласањето се покажало дека во три категории одлучуваче нијансите. Блиски резултати, освен меѓу S-Класа и Audi A8, имало и кај Audi A3 и VW Golf Variant во категоријата „Најдобар семеен автомобил“, како и Audi S3 и BMW M4 во категоријата „Најдобар спортски автомобил“.

Победниците во одделните категории се:
Женски автомобил на годината – Mercedes-Benz S-Класа
Најдобар кросовер – Range Rover Sport
Најекономичен модел – Honda Jazz
Најдобар семеен автомобил – Audi A3
Најлуксузен автомобил – Mercedes-Benz S-Класа
Најдобар спортски автомобил – Audi S3
Најзелен автомобил – Tesla Model S

Минатата година победник во натпреварот стана Ford Fiesta со мотор EcoBoost, а во 2012 година првото место беше за Range Rover Evoque.

- Реклама -