Анистон навестува златна епизода на „Пријатели“

Актерката Џенифер Анистон не ја исклучи појавата на посебна епизода на „Пријатели“.

Актерката на Би-Би-Си истакна дека ова треба да биде златна епизода, во којa што актерите треба да се претстават како доволно зрели луѓе.

Серијата Friends беше емитувана на телевизијата Ен-Би-Си од 1994 до 2004 година.

aniston

Само во САД првата епизода била гледана од 22 милиони луѓе, а последната од 55 милиони.

Екипата пак освои бројни награди, вклучувајќи 6 статуетки „Еми”, „Златен глобус”, како и 10 награди на People`s Choice Awards.

- Реклама -