Среда е најлошиот ден!?

Повеќе... Истражувачите од Универзитетот во Вермонт анализираа 2,4 милиони блогови и интернет пораки за да откријат кои денови во неделата ни се омилени, а кои не. Ви откриваме кој е добар ден за да престанете да пушите, а кој за да побарате покачување на платата.


superstock_1439r-54042.jpgИстражувачите од Универзитетот во Вермонт анализираа 2,4 милиони блогови и интернет пораки за да откријат кои денови во неделата ни се омилени, а кои не. Ви откриваме кој е добар ден за да престанете да пушите, а кој за да побарате покачување на платата.

Тие заклучија дека денот кога се чувствуваме најдобро е недела, а најлош ден дека е среда.

Понеделник е добар ден за купување акции, но најлош ден за да се остане во живот, бидејќи било забележано за пет пати повеќе смртни случи во понеделник одошто во другите денови во неделата. Најчеста причина за смрт во понеделник е срцев удар. Понеделник, меѓутоа, е и нашиот најдраг ден во неделата бидејќи сè уште сме со впечатоци од викендот.

Вторник е добар ден за пишување блог, но лош ден за секс. Најмногу нови постови се објавуваат во вторник, додека најретко имаме секс токму на овој ден. Немаме поим зошто е тоа така.

Среда е добар ден за барање покачување на платата, но лош за возење. Во истражувањето во кое учествуваа 1.500 шефови, се откри дека молбите најчесто се исполнуваат во среда. Во понеделник тие се презафатени, додека во четврток и петок размислуваат само за викендот. Најмногу сообраќајни несреќи се случуваат во среда.

Четврток е погоден ден за одвикнување од пушењето и лош за временските прилики. Нашата волја е појака во работните денови, а што се однесува до временските прилики, во просек паѓа 2,97 mm дожд во четврток, заради што овој ден е највлажен во неделата.

Петок е најдобар ден за отпуштање работници, бидејќи не е толку болно како што е во останатите денови. Половина од најкатастрофалните земјотреси во историјата се случиле во петок, вклучувајќи го и оној во Индија во 2003 година кога настрадаа 30.000 луѓе, како и оној во Иран кога животот го загубија 40.000 луѓе.

Сабота е поволен ден за раѓање, но лош ден за пиење алкохол. Децата родени во сабота имаат поголеми шанси да станат премиери. Од 20 претседатели на владата во Велика Британија избрани од 1900 година, дури шестмина се родени во сабота. Бројот на луѓе кои завршуваат во болница заради труење со алкохол се за две третини поголеми отколку во другите денови.

Недела е ден како создаден за комуникација, а лош за готвење. Луѓе за три пати повеќе отвораат приватни e-mail пораки во недела одошто во другите денови. Еден од петмина испитаници вели дека спремање вечера во недела е подеднакво стресно како и одење на забар. Еден од десет испитаници порадо ќе го задоволи гладот со грицки пред ТВ.

- Реклама -