Предлог филм: Поврзување / Coherence (2014)

Во првите минути филмот нè воведува во атмосферата на пријателска забава некаде во Калифорнија, каде што се собираат група луѓе, со едноставна цел, да уживаат во чаша вино и слатки приказни.

Тензиите започнуват сосема полека со постепеното исчезнување на телефонскиот сигнал кај сите, а започнува да се создава уште поголема тензија заедно со разговорите за минатото, можните последици, чудните звуци и сеприсутниот прекин на струјата.

Тука се  покренува и темата за квантна физика и еден мисловен експеримент.

На прв поглед „Поврзаност” зборува за повеќе истовремено постоечки реалности во кои  престојуваме паралелно, ратегнати од мноштвото можности, по кои ние подоцна ги правиме изборите.

Освен тоа, филмот има и втор план или порака, која е дури посилна од очигледната- фактот дека Ем, Мајк, Лори и останатите небаре не го живеат, животот што го сакаат и како да не припаѓаат на ова време и место.

Кои се тие? Кој е нивниот идентитет? На почетокот на филмот присутните во собата се успешни и со висока самодоверба. Но полека лагата ги гуши и започнува да станува јасно дека тие живеат понесени од своите убедувања, не живеејќи го животот онака како што заслужува да се проживее. Во каква ли смисла? Погледнете го филмот и дознајте…

- Реклама -