Тест: Колку е стар нашиот мозок?

Докторите создадоа веродостоен тест со кој ќе можете да го утврдите здравјето на вашиот мозок.

Како што минуваат годините, се чувствуваме помалку бистри и потребно ни е повеќе време за да ги процесираме информациите. И покрај очигледноста на таквите појави, докторите имаа сериозен проблем во одредувањето на точната брзина со која стареат нашите мозоци. Се чини, тоа ќе се смени.

Public Health England разви нов метод на калкулирање на староста на човековиот мозок. Методот вклучува разни фактори, како тежината, квантитетот и квалитетот на вежбање, холестеролот, конзумацијата на алкохол, како и нивото на социјализација и дружење, просекот на часови поминати во спиење и останатите фактори поврзани со стилот на живеење.

Овие фактори можат да одредат колку мозочни клетки губиме, и колку брзо. Колку повеќе клетки умираат, толку побрзо старее и се смалува нашиот мозок, а колку повеќе старееме, се побрзо мозочните клетки умираат.

brain-health-fitness[1]

Тестот, направен од доктор Винсент Фортнас, се состои од 25 прашања на кои треба да одговорите со „да“ или „не“:

1. Спијам седум – осум часа (или повеќе) секоја ноќ.

2. Јадам барем пет или повеќе порции овошје и зеленчук богати со антиоксиданси, дневно.

3. Јадам барем една порција боровинки, малини или капини дневно.

4. Јадам варена или печена риба богата со омега-3 масни киселини, најмалку три пати неделно.

5. Конзумирам рибино масло или ленено семе, најмалку пет пати неделно.

6. Земам суплементи со фолна киселина и дневна доза мултивитамини.

7. Секојдневно земам мала доза на аспирин.

8. Пијам црвено вино или сок од грозје најмалку пет пати неделно.

9. Вежбам повеќето денови во неделата, најмалку 30 минути секој пат (вкупно три или повеќе часа напорни вежби, неделно).

10. Читам „тешки“ книги, решавам крстозборки или Судоку, или сум вклучен/а во активности кои бараат активно учење, меморизација, пресметка, анализа и решавање на проблеми, најмалку пет пати неделно.

11. Имам „долговечни гени“ во моето семејство, со членови кои доживеале старост од 80 и повеќе години, без да ја загубат меморијата.

12. Мој вкупен холестерол е под 5,2 mmol/l (низок).

13. Мојoт ЛДЛ (“лош”) холестерол е под 3,3 mmol/l.

14. Не сум дебел/а (помалку од 8.8 кг прекумерна тежина за жени, помалку од 13.3 кг прекумерна тежина за мажи).

15. Имам медитерански стил на исхрана – богата со овошја, зеленчук, цели зрна, грав, ореви и семиња, маслиново масло и малку црвено месо.

16. Наместо путер и маргарин, користам маслиново масло.

17. Никогаш не сум пушел/а цигари.

18. Имам нормален крвен притисок.

19. Немам дијабетес.

20. Немам проблеми со метаболизмот (високо ниво на триглицериди, хипертензија)

21. Немам проблеми со спиењето, како што се ‘рчењето, опструктивната ноќна апнеја или несоница.

22. Не сум изложен/а на секојдневен стрес.

23. Имам силна поддршка од блиските и уживам во многу активности со пријателите, колегите и членови на семејството.

24. Немам проблеми со краткорочната или долгорочната меморија.

25. Подготвен/а сум да ја спречам Алцхајмеровата болест и  да сторам се што е потребно.

 

РЕЗУЛТАТИ:

23-25 одговорени со „да“: Честитки, вие сте стареете како што треба! Одземете 15 години од од вашата вистинска возраст и ќе ја добиете староста на вашиот мозок. Вие сте моментално здрави, со младешки и продуктивен ум. Ако работите драстично не се променат во вашиот живот, ризикот од Алцхајмерова болест ви е исклучително низок.

20-22 одговорени со „да“: Не е лошо! Одземете десет години од вашата вистинска возраст и ќе ја добиете староста на вашиот мозок. Добро се грижите за вашето физичко и ментално здравје. Навратете се на прашањата одговорени со „не“ и направете ги потребните промени во вашиот живот, за се да биде совршено.

15-19 одговорени со „да“: Во ред е. Староста на вашиот мозок е соодветна со вашата возраст. Сепак, секогаш постои благ ризик од Алцхајмерова болест, па обрнете внимание. Внимателно разгледајте го тестот и обрнете внимание на тоа кои промени што треба да ги направите во вашата исхрана, вежбање, менталната стимулација или одморот и релаксацијата.

12-14 одговорени со „да“: Постои умерен ризик од Алцхајмерова болест. Додадете пет години на вашата вистинска возраст и ќе ја добиете староста на вашиот мозок. Иако разликата не е голема, треба да ги разберете ризиците што ги зголемуваат шансите на Алцхајмеровата болест.

0-11 одговорени со „да“: Имате висок ризик од Алцхајмерова болест. Додадете 10 години на вашата вистинска возраст и ќе ја добиете староста на вашиот мозок. Што поскоро јавете се на вашиот лекар и отворено поразговарајте за здравствените проблеми што ги имате. Прашајте дали правите сè што можете за да ги ублажите.

- Реклама -