Подгответе се: Не очекува најстудената зима во последните 100 години

Британските метеоролози најавуваат дека Европа ја очекува најсуровата зима во последните 100 години. Најголемиот дел од европскиот континент ќе биде упорно затрупуван со големи количини на снежни врнежи, проследени со многу ниски температури. Според нивните проценки, арктичката зима ќе владее на европското тло цели пет месеци.

Првиот леден бран се најавува веќе во ноември. Во јануари не очекуваат рекордно ниски температури од -27 Целзиусови степени, а тоа важи и за Балканот. Ниските температури ќе ги прекријат планините со снег, а пониските предели ќе почекаат до втората половина на ноември.

Европските метеоролози се согласуваат со прогнозите на Британците и предупредуваат дека не очекува студена зима.

- Реклама -