Detroit Electric ја претстави финалната верзија на SP:01

Detroit Electric ја објави првата фотографија на сериската визија на модел SP: 01, најбрзиот електричен спортски автомобил во светот.

SP : 01 го користи за основа моделот Lotus Exige, но нема никаква надворешна сличност на електричниот автомобил со англиската изведба. Американскиот автомобил има друга носечка конструкција, поради акумулаторите. Електромоторите се со моќност од 205 КЅ, кои му овозможуваат на автомобилот да демонстрира извонредна агилност – забрзувањето до стотка е за 3,7 секунди и максимална брзина од 249 km/h.

Detroit Electric SP: 01, претставен како прототип на салонот во Шангај во 2013 година, ќе биде пуштен во продажба во Азија, Европа и Северна Америка во текот на следната година. Компанијата има намера да произведе и продаде до следниот март 999 примероци од SP : 01, секој со цена од 135.000 долари. Приходот од нив ќе оди за проширување на гамата во која засега се планира уште еден, поевтин модел, кој се прави во поголеми количини.

- Реклама -