Случката крај реката што го врати „Левис“ во живот

Денеска ви нудиме да нурнете во историјата на класичната, најкоментирана телевизиска реклама на 20 век. Се работи за „случката крај реката” на Levi’s.

Дури и откако британската агенција Bartle Bogle Hegarty (BBH) го создава рекламниот видео спот „Машината” и така ја помножува продажбата за неколку пати, Levi’s повторно продолжува да бележи  криза на имиџот. Во 90-тите години луѓето почнуваат да гледаат  на брендот како старомоден и не многу престижен.

Компанијата упорно и долготрајно троши големи суми на промоција и повторно креирање на имиџот, додека во  првите денови на 1994 година BBH не направи презентација на своето ново и култно промотивно видео со случката крај реката.

Спотот е црно-бел и го поврзува брендот со неговите корени во Америка во 50-тите години на 19 век. Заплетот покажува семејство од американската протестантска заедница на Амишите,  што запира крај тесен залив на реката, за да ужива во пикник. На свое изненадување двете убави ќерки, одгледани во изолација, налетуваат на интересна глетка на брегот на реката.

Идејата на рекламата е да биде популаризиран моделот машки фармерки Levi’s, кои после миење се припиваат цврсто кон телото.

Рекламата е сметана за една од најдобрите на сите времиња, кршејќи ги стереотипите дека маркетингот го користи сексизмот, исклучиво преку женски голи тела и силуети.

Оваа реклама  ја гради историјата на повеќе од успешно рекламно партнерство меѓу BBH и Levi’s. Дури и саундтракот  доаѓа до врвовите на меѓународните музички листи.

Забавната случка крај реката на Levi’s можете да ја видите во продолжение.

- Реклама -