Реконструиран тајниот воен авион на Хитлер

Повеќе... Експертите го реконструирааа и тестираа нацистичкото тајно оружје – воениот авион Horten 2-29, за кој се зборува дека доколку почнеше да се произведува масовно можеше да го смени текот на Втората Светска Војна.


Експертите го реконструирааа и тестираа нацистичкото тајно оружје -воениот авион Horten 2-29, за кој се зборува дека доколку почнеше да сепроизведува масовно можеше да го смени текот на Втората Светска Војна.

090625-hitlers-stealth-fighter-plane_big.jpg
Репликата на Horten 2-29

Целта на инжинерите беше да видат дали навистина овој воен авион е невидлив за радарите. Во овој процес тие дојдоа до нови сознанија околу тоа колку биле блиску нацистичките инжинери да конструираат авион кој можел да го смени текот на Втората Светска Војна. За да ја направат репликата на Ho 2-29, тимот од инжинери ги користеа оригиналните нацистички скрипти (кои можете да ги погледнете тука) и единствениот преживеан примерок на ова тајно оружје на нацистите кое беше чувано 50 години во тајност во владините простории во близина на Вашингтон.

stealth-bomber-507907-sw.jpg
Американскиот B-2

Футуристичкиот Ho 2-29 изгледа повеќе како денешните B-2 американски бомбардери или како летало излезено од Војна на ѕвездите отколку како авион од Втората Светска Војна. Направен претежно од дрво и на млазен погон, авионот бил дизајниран да постигне брзина од 970 километри на час.

Дизајниран е од Walter Horten, кој сакал да ја одмазди смртта на своите колеги што ги изгубил за време на битката со Британија во 1940, развивајќи модел на бомбардер кој би бил невидлив за Британските радари. Horten, задно со неговиот брат го конструирал и го пробал прототипот на Ho 2-29 во 1944 година, но војната завршила пред да дојде до масовно производство на авионот.

Тестирањата на репликата која ја направија инжинерите покажаа дека радикалниот дизајн на Ho 2-29, навистина го прави ова летало првото тајно оружје кое е незабележливо за радарите. Меѓутоа, дизајнот на Ho 2-29 се покажа дека бил далеку од совршен. Специфичната форма и огромната брзина што ја постигнува само го намалува времето за кое британските радари би го детектирале од 19 минути на 8. Според историчарите, на друго место и во друго време и со дополнително усовршување на дизајнот, ветувачкото тајно оружје Horten 2-29 можеби ќе го исполнеше сонот на Хитлер за Wunderwaffen (чудотворно оружје).

Меѓутоа, според историчарите, на почетокот на 1945, на Германците им недостасуваа пилоти, гориво и време.
["Hitler’s Stealth Fighter" Re-created]

- Реклама -