Како самите да ја скратите долгата коса (ВИДЕО)

Секогаш е подобро да ве шиша професионалец, но може да се случи, од различни причини, да мора тоа да го направите самите.

Во тој случај, постојат два начина како можете да ја скратите вашата коса. И двата бараат минимален труд и вештина, а ќе бидете готови за речиси минута.

Џером Лордет, фризер од салонто Пјер Мишел во ова видео покажува како наједнставно да ја скратите самите долгата коса, без многу мака и време.

Еден од начините е целата коса да ја префрлите преку глава напред, внимателно да ја исчешлате и скратете ја рамномерно каде што завршуваат најкратките делови. Така ќе ја задржите еднаква должина позади, а напред ќе добиете мал степен.

Вториот начин е, ако сакате да имате целосно рамна коса, исчешлајте ја косата околу лицето (поделете ја косата на две половини), и секоја половина добро исчешлајте ја, свртете ја главата на страна и скратете ги најдолните делови од косата (малку е тешко тоа да го направите самите). Истото направете го со друата половина. Овој едноставен начин е единсвениот со кој можете да дофатите до задната страна на косата, и покрај тоа што нема да биде совршено шишана, вашата коса ќе биде доволно добра за од „прва рака“.

- Реклама -