Шербеџија наскоро ќе го „Ослободува Скопје“ во Битола

Популарниот актер е еден од ретките чие што име со почит се изговара во европските и холивудските кругови.

Тој во моментов е преоптеретен со своето првенче во кое ќе се појави како режисер, а во однос на почетокот на снимањето, локациите и датумот тој прозборе во интервју за српски „Блиц“.

Неодамна го најавивте почетокот на снимањето на вашиот прв филм како режисер, насловен „Ослободувањето на Скопје“, но се уште никој не го знае точниот датум. Дали и кога ќе се вклучат камерите?

– Во моментов сум на аеродром, се враќам од Македонија и конечно се завршени сите формалности, значи можеме да почнеме!

А датум?

– Ни јас до пред малку немав одговор на ова прашање. Првата сцена ќе ја снимаме на 24. октомври.

 

Раде покрај хрватски има и словенски пасош, а од мај е државјанин и на Македонија. Македонско државјанство доби според законот од 1992 година, која наведува дека сите индивидуалци што придонесуваат за развивање на државата Македонија, во било која смисла, имаат право на државјанство.

Ослободувањето на Скопје, ќе се случува во Битола?

– Поголем дел од филмот ќе снимаме во Битола. Насловот нема да го менуваме, но повеќе пати повторив дека во главиот град на Македонија тешко е да се пронајде екстериер што потсетува на времето од „Втората светска војна“. Во Битола е поинакво, тука се уште има фантастични улици од тој период, што се недопрени.

Во Холивуд ви оди одлично, зошто се вративте и продолживте со работа на овие, наши простори?

– Се вратив за да останам вистински актер, да можам да се занимавам со театар, да се посветам на моето семејство. Човекот секогаш им се враќа на корените.

Дали и честитавте на Анџелина Џоли за бракот?

– Не сме се слушнале се уште, но не ни сакам по телефон, ќе и честитам лично.

Раде Шербеџија беше гостин на отворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

- Реклама -