Михаил Кричман: „После Кан најдобар фестивал е Браќа Манаки“

По синоќешната проекција на филмот Левитјан,  се обрати и  еден од најдобрите руски киметографери Михаил Кричман, кој што својата почит кон фестивалот за филм„Браќа Манаки“ во Битола ја изрази споредувајќи го со Кан.

„Пред малку го проверив квалитетот на проекцијата на филмот и можам да кажам дека Фестивалот е на второто место веднаш после Канскиот по тоа како изгледаат сликата и тонот. Филмот сè уште не се прикажува во Русија, под изговор дека содржи премногу вулгаризми. Најавено е дека филмот ќе почне да се прикажува од 1 јануари, но заради цензурата, ова е уште неизвесно, изјави Кричман.

Филмот на Кричман бил карактеризиран како ремек дело. Русинот во 2010 година ја има освоено „Сребрената камера 300“ во Битола, а се обрати и на редовната утринска прес-конференција. Тој е најмногу познат по својата работа во филмовите  Elena и The Return

Кричман вели дека  главните карактеристики на овој филм се убавината и безнадежноста, а  природните пејзажи и нивниот избор играат значајна улога во приказната.

- Реклама -