Kia со свои станици за полнење во Германија

Во седиштето Kia Motors Europe во Франкфурт неодамна се поставени две иновативни полначници за електрични возила.

Брзите полначници се наменети за моделот Soul EV, кој наскоро пристигнува во Европа. Ова потврдува дека Kiа има големи амбиции и на ова поле на Стариот континент.

– Ова се првите брзи станици за полнење во регионот со ваков капацитет, а на клиентите на Soul EV ќе им бидат од голема помош. Kia смета дека распространувањето на полначници и обезбедување на батерии за електрични возила се клучните решенија за мобилноста во иднина и затоа ќе инвестира во оваа технологија, истакна Мајкл Кол, извршен директор на Kia Motors Europe.

Новите полначници се со моќ од 100 kW DC, електричниот Soula EV ќе го полнат сосем празните батерии до 80% за само 25 минути. Полначниците се развиени и направени од корејската компанија Signet Systems Inc, која од 1998 година се занимава со вакви напредни електрични уреди. Kia има намера да постави вакви полначници на уште 230 места низ светот и во седиштата на европските дистрибутери. Новите локации ќе ги надополнат постоечките 140, што значи дека компанијата  за брзо време ќе има свои 373 станици со што ќе го доближи поблизу својот Soul EV на клиентите. Kia Soul EV веднаш на стартот ќе се понуди во 16 земји во Европа и ќе има и како сите други модели на компанијата 7-годишна гаранција (или до 150.000 km). Електричниот модел може да се пофали со најголема енергетска способност на батериите во својата класа  (200 Wh/kg), електричниот мотор е со 81 киловати и вртежен момент од 285 Nm. Автономијата со едно полнење изнесува 212 km.

- Реклама -