Миењето заби по јадење предизвикува кариес

Честото миење на забите после јадење може да биде штетно за нивното здравје, предупредуваат стоматолозите.

Според новото истражување, за чистење на забите со четка и паста е препорачливо да се почека околу половина час по консумацијата на храна, кафе и други течности. Пред тоа тие можат да бидат исплакнати само со вода.

По јадење и пиење овошни и газирани пијалаци, во усната празнина се создаваат различни киселини кои можат да предизвикаат уништување на емајлот на забите и полесно создавање на кариес. Ако е употребена четката во „погрешно“ време – особено во рамките на 20 минути по консумацијата на храна, тоа ќе придонесе за подлабоко навлегување на киселината во емајлот и дентинот на забот, а со тоа и забрзување на процесот на уништување.

Истражувањето покажа дека забите побрзо се оштетуваат ако се мијат веднаш по консумација на благи и газирани безалкохолни пијалаци.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -