Aнализа на прелудиум на Шопен во филмска класика од Бергман

Додека таа гради музичка кариера нејзините ќерки патат поради нејзиното отсуство, кое што остава длабоки траги врз нивниот живот.

Есенска соната (шведски: Höstsonaten) е шведски филм од 1978 кој бил што номиниран за Оскар, во режија на феноменалниот  Ингмар Бергман. Во филмот играат Ингрид Бергман, Лив Улман (Liv Ullmann) и Лена Ниман (Lena Nyman), а истиот  ја раскажува приказната за позната пијанистка, која е во постојан судир со нејзината занемарена ќерка.

Филмот освоил Златен глобус во 1979 година за најдобар филм од странско говорно подрачје, а бил номиниран и за Оскар за најдобра актерка во главна улога (Ингрид Бергман).

Класиката која изобилува со длабоки мисли, изградени ликови и школки пример за фацијална експресија е филмско дело кое што ќе ги разбуди сите емоции кај вас за час и половина.

Една сцена особено ни го привлече вниманието. Се работи за момент во кој мајката и објаснува на својата ќерка како да го изведе Шопен, односно вториот прелудиум, од опусот 28.

Таа вели дека во делото Шопен чувствуава болка, но не ја покажува…

Во продолжение можете да погледнете и една фантастична изведба на Иво Погорелич.

- Реклама -