ВИДЕО: „Вог“ најчесто споменуван бренд во „Сексот и Градот“

Кери Бредшоу и нејзините пријателки од култната серија „Секс и Градот“ во речиси секоја епизода споменуваа по некој познат светски бренд, што придонесе до пораст на продажбата на производите со дизајенрски имиња, како чевлите „Маноло Бланик“ или „Џими Чу“.

Но, една анализа покажа дека всушност најспоменуван бренд во серијата е името на магазинот „Вог“.

Според британското издание на ова списание, брендот „Вог“ во серијата бил споменат 36 пати, а во четврата сезона Кери дури и ги посетува канцелариите на магазинот во Њујорк.

По „Вог“ на листата следат брендовите „Мартини“ кој е споменат 34 пати, „Јенкис“ – 26 пати, „Никс“ – 25 и „Њујорк Тајмс“ – 24 пати.

„Маноло Бланик“ се најде дури на шестото место со 16 споменувања, пред „Долче Габана“ со 15, „Прада“ и „Пост-ит“ со по 14, „Шанел“ со 13 и „Гучи“ со 12.

На видеото се прикжани некои од сцените во кои се споменуваат познатите светски брендови.

- Реклама -