Сексот е најдобар во стабилна врска

Луѓето што се во стабилна врска имаат најдобар сексуален живот, затоа што несебично ги делат интензивните чувства, покажуваат најновите истражувања.

За разлика од нив, луѓето што се во несреќна врска, чувствуваат голема анксиозност и поради тоа не можат да ги контролираат своите емоции. Затоа често се караат со партнерот, што доведува до лош сексуален живот.

– Резултатите од нашето истражување покажуваат дека несигурните личности имаат тенденција постојано да се стресуваат за партнерот, па дури и да го избегнуваат. Некои се анксиозни и несигурни во своите одлуки, а тоа води до нови караници – изјавил Хавиер Гомез Запјан, професор по психологија.

Тој го спровел истражувањето со цел да дознае како конфликтите во врската влијаат на сексуалниот живот. Во него учествувале 211 двојки, а резултатите покажале дека несигурните луѓе што одбиваат да се соочат со проблемите, освен што имаат полош сексуален живот, се неисполнети и во другите животни полиња.

- Реклама -