Зошто вработените на Стив Џобс, не сакале да ручаат со него?

Стив Џобс остана легендарен како своевиден талкач во иднината. Тој беше  генијалец, но бил познат и по својот тежок карактер и односот кон вработените поради кој често го избегнувале.

Тој бил познат по својот специфичен однос со работените со кои често се однесувал диктаторски и многу аналитичари веруваат дека таквиот негов каратктер и можноста од вработениот да го извлече најдоброто, е една од причините поради која „Apple“ стана една од највредните и најголемите компании во светот.

Јасно е дека поради таквото однесување тој не бил премногу омилен меѓу вработените во компанијата и многумина го избегнувале затоа што никогаш незнаеле што може да очекуваат од него кога ќе го сретнат. Поранешниот вработен во „Apple“, Дејвид Блејк го опиша начинот со кој Џобс владеел со компанијата и како се однесувал со работените, односно на кои се начини тие го избегнувале и бегале од него.

Иако тој немал премногу контакти со нив во текот на 12 годишното работење во оваа компанија, се слушаат различни приказни за него и неговиот карактер.

Блејк рекол дека кога Џобс одел на ручек повеќето од вработените гледале што побрзо да завршат и по 15-20 минути многумина бегале подалеку од него, а ако шефот на „Apple“ дошол сам на ручек, местото покрај него останувало празно затоа што никој не се осмелувал да седи покрај него.

Уште една ноќна мора за вработените била ако со него се сретнат во лифт.

„Џобс од нив барал „секогаш да бидат подготвени“ и често им поставувал бројни прашања за проектите на кои работат, а ако не бил задоволен од одговорот некогаш и врескал по нив и ги понижувал.

Иако вработените често се подготвувале за „средба со Џобс“ и ги подготвувале одговорите на неговите потенцијални прашања, тие сепак го избегнувале затоа што во компанијата кружеле бројни приказни за неговото однесување, па дури и за отказите кои некои ги добиле по разговорот со него во лифт.

Блејк особено го одвоил случајот со една девојка која за време на краткото возење со Џобс во лифтот морала детално да ги објасни и покаже сите проекти на кои работи, затоа што за такви работи било тешко да си подготвен, бидејќи успехот од презентацијата не зависла само од одговорот кој Џобс го добил, туку и од неговото моментално расположение.

- Реклама -