Најемотивниот момент на мундијалот: Хулио Цезар се изнаплака во интервјуто по победата над Чиле

Голманот на Бразил, Хулио Цезар, не само што му ја донесе победата на својот тим, туку и му подари на мундијалот еден навистина емотивен момент за паметење. Неговите две одбрани во пенал-рулетот го спасија домаќинот од пораз, а во интервјуто по мечот, Цезар, кој и од порано важи за емотивец, не можеше да не заплаче.

Макар што солзите говорат подобро од сите зборови, вака се одвиваше разговорот:

Тино Маркес (репортер): „Видовме дека беше навистина емотивен непосредно пред пеналите. Дали тоа ти помогна? Како помина?“

Хулио Цезар: „Тино, пред 4 години, дадов интервју во кое бев навистина тажен, навистина емотивен (алудирајќи на поразот од Холандија). Денес повторно го правам истото, но овој пат сум среќен. Само Бог и моето семејство знаат низ што се поминав и сеуште поминувам. Но знам дека мојата приказна со бразилскиот тим не е завршена. Моите соиграчи ми дадоа многу сила за да излезам на теренот и да го извадам најдоброто од себе. Остануваат уште три чекори до крајот и се надевам дека ќе имам уште едно интервју со тебе, ама овој пат среќен и прославувајќи заедно со целата земја. Ова е мојот најголем сон“.

- Реклама -