Скриени пораки во познати филмови

Снимањето на филмот е многу сложен процес – стотици луѓе придонесуваат за трансформирање на сценариото во завршен филм.Иако често успехот на проектот зависи од талентот на сценаристот, режисерот и кастингот, безброј професионалци ја остават својата трага во секој филм. Од време на време сепак, овие траги се малку буквални – одредени режисери, експерти по специјални ефекти и монтажа вметнуваат скриени пораки во своите филмови.

1. Порака во воздухот

Филм: Кралот Лав (Lion King)

Тајната порака: Буквите SFX (или SEX).

Кога Симба седи врз карпата, во воздухот се крева правливиот облак и во дел од секунда можат да се забележат три букви. Со години се сметаше дека тоа е зборот SEX. Аниматорите на филмот сепак потврдуваат дека станува збор за буквите SFX – во чест на тимот на специјалните ефекти.

8 скриени пораки во популарни филмови

2. Музика наопаку

Филм: Очи широко затворени  (Eyes Wide Shut)

Тајната порака: Песната Masked Ball

Откако пристигна во провинциската палата, Бил станува сведок на сатаничен ритуал.  Тука песната Masked Ball се слуша за време на  ритуалот пред оргиите и во неа е вклучена романска православна литургија –  наопаку.

8 скриени пораки во популарни филмови

Филм: Матрикс (The Matrix Reloaded)

Тајната порака: Автомобилските броеви

Обично во филмовите, броевите на автомобилите се прават незабележливо. Во “Матрикс”, сепак, многу од автомобилите носат броеви кои водат до Библијата. На почетокот  автомобилот на агент Смит носи плоча  со бројот  “IS5416”, кој одговара на Исаија 54:16: „Ете, Јас создадов ковач, кој го раздувува јагленот во огнот и ќе произведува сечила за својата работа. Јас сум создател и губител, кој што истребува.

За време на драмата  по автопатот, се појавува бројот “DA203”, кој одговара на Данаил 2:03: „И царот им рече: Видов сон; и мојот дух не дозволи да го дознаам сонот“.

8 скриени пораки во популарни филмови

Духови во светлината

Филм: Sunshine (Sunshine)

Тајните порака: Загинатите на Икар 1

На пат кон Сонцето, екипажот на Икар 2 добива изнемоштен сигнал од одамна исчезнатиот Икар 1 и решава да провери. Кога тимот пристигнува  на одборот на Икар 1, нивните фенери ја осветлуваат директно камерата. Секој пат кога тоа се случува, на 49-тата минута од филмот, режисерот Дени Бојл поставил скриени кадри со загинатите припадници од екипажот на Икар 1.

8 скриени пораки во популарни филмови

 

- Реклама -