Пастата за заби и нејзиното влијание врз психата

Употребата на паста за заби може да и наштети на психата, тврдат американски експерти од Југозападниот медицински центар во Универзитетот во Тексас. На најголем ризик се изложени луѓето кои обилно нанесуваат  паста за заби на четката. Јоните во организмот наводно, можеле  да предизвикаат ментално растројство.

Како  се случува тоа?

Психата се уништува  од зголеменото количество цинк во крвта, кој влегува во составот на повеќето пасти за заби.

Најзагрозени се луѓето кои уживаат двојно поголемо количество паста од вообичаеното. Ова се случува и кога човек  ги чисти забите по секој оброк (на пример 5 пати дневно).

За безбедно количество експертите ја сметаат употребата на една туба за два месеци. И наместо да ги миете забите по секој оброк во текот на денот, подобро плакнете ја устата добро и користете чечкалица.

- Реклама -