Навистина ли е мртов Волтер Вајт?

Минатата есен бевме сведоци на крајот на една од најуспешните серии во поновата историја на телевизијата. Финалето на Breaking Bad беше доволно убедливо за судбината на главниот лик Волтер Вајт. Или, сепак не?!

Во интервју за телевизија CNN актерот Брајан Кранстон (Bryan Cranston), кој го одигра лошиот поранешен професор, им даде сериозна храна за размислување на фановите на серијата.

Тој изјави: „Еј, никогаш не видовте тело кое треба да се изнесе во  вреќа, или што и да е друго  слично. А исто така … знаете! “.  Со ова ѕвездата ги остави збунети фановите  на серијалот.

Запрашан дали извонредниот наркодилер кој е познат под  псевдонимот Хајзенберг, може да се појави во некој нов филм или серија, Кранстон беше исто непрецизен, доволно да „заскокотка“ –  Никогаш не вели никогаш, додаде тој.

Крајот на серијата минатата година како целина предизвика повеќе од сериозна реакција. Тој дури беше испратен со лажен  погреб во американскиот Албакерки, каде што се снимаше легендарната серија.

- Реклама -