Соработка со Емитер – месечник за наука и техника

sml_emiter_2010_3Денес би сакале да ја објавиме нашата соработка со месечното списание „Емитер“, од која веруваме најголема корист ќе имате вие, читателите! Имено, наша желба е со секој нов број на „Емитер“ да објавуваме по неколку комплетни статии, со цел да ги опфатиме темите кои ве интересираат. Се надеваме дека со ова ќе го задржиме вашето внимание и ќе ја задоволиме вашата потреба за информации поврзани со науката и технологијата!

sml_emiter_2010_3Денес би сакале да ја објавиме нашата соработка со месечното списание „Емитер“, од која веруваме најголема корист ќе имате вие, читателите! Имено, наша желба е со секој нов број на „Емитер“ да објавуваме по неколку комплетни статии, со цел да ги опфатиме темите кои ве интересираат. Се надеваме дека со ова ќе го задржиме вашето внимание и ќе ја задоволиме вашата потреба за информации поврзани со науката и технологијата!

За ЕМИТЕР

ЕМИТЕР е македонско месечно списание за наука и техника кое излегува од август 1995 година. Во него информатиката, електрониката, аудио и видеотехниката, фототехниката, астрономијата, архитектурата, автомобилската техника, медицината и уште многу други научни области се застапени преку написи од најразличен вид – од кратки информации и теоретски написи, преку прикази и тестови на разни уреди и технологии, па сè до совети и упатства за одржување, поправка и самоградба на разни склопови, уреди и објекти.

Следејќи ги нивните написи од број во број ќе дознаете повеќе за тајните на вселената и подвизите на астронаутите, за најновите технички достигнувања, но и за тоа како работат уредите кои секојдневно ги употребуваме. Ќе дознаете повеќе и за историскиот развој, но и за најновите откритија во сите сфери на науката и техниката. Ќе се запознаете и со актуелните достигнувања на македонски научници, теоретичари, пронаоѓачи и иноватори. Со помош на нивните прикази и тестови ќе дознаете како да го направите вистинскиот избор при набавка на нов уред, но и како да ги одржувате и поправите старите куќни уреди, апарати, алати , па дури и семејниот автомобил! Ќе научите како да го подобрите квалитетот на вашите фотографии, ќе го совладате програмирањето, правењето на веб-страници… Ќе научите како да направите електронски или машински склоп, звучник или масичка, па дури и картинг.

Со ЕМИТЕР ќе ги согледате работите од научен и прагматичен агол, а притоа креативно ќе го исполните вашето слободно време, проширувајќи и продлабочувајќи ги вашите знаења и вештини.

Во ЕМИТЕР особено внимание се посветува на квалитетот и стручноста на објавените написи. Во прилог на ова говорат големите знаења и искуства на нивните соработници (преку 30 инженери, доктори, професори и напредни студенти), како и бројните награди и признанија кои ЕМИТЕР ги има добиено на македонските изложби за пронајдоци и технички унапредувања МАКИНОВА.

За повеќе информации посетете ја нивната веб-страница www.emiter.com.mk.

Влезете во светот на науката и техниката – читајте ЕМИТЕР !

Прва ЕМИТЕР статија: Која е причината за леворакост?

- Реклама -