Eектричниот Outlander Phev во Македонија

Mitsubishi Outlander PHEV по неодамнешниот старт на продажбата во водечките  европски земји, во Холандија, Германија, Шведска, Норвешка, Швајцарија…, пристигна и кај нас.

 

Додека се подготвуваа документите за хомологација, успеавме за момент да го „уловиме“За 2014 година, планот за производство на Outlander PHEV е предвидено да биде 50.000 возила, од кои најмногу наменети за Европа. Секако со свој удел во ова ќе учествува и македонскиот импортер МакАутоСтар, кој ќе се обиде да со ова возило го „пробие патот“ на овој сегмент на нашиот пазар. Mitsubishi Motors планира до 2020 година да продава 20% електрични возила од вкупното сопствено производство.


Outlander PHEV е прво SUV возило во светот со технологија позната како plug-in hybrid, односно со погон на бензински и електричен мотор. Поседува 2.0 бензински мотор и два електрични мотора поставени напред и назад, секој од нив со моќност од 60 KW. Возилото може самостојно да се движи само на електричен погон и да се дополнува со електрична енергија при движење или со надворешен полнач. Максимален опсег на движење само со електричен погон е 55 километри, а во комбинација со бензинскиот мотор може да мине дури 880 километри. Просечна комбинирана потрошувачка на возилото изнесува 1,63 литри гориво на 100 km.

Напредниот plug-in хибриден систем, како дел од технологијата на електрични возила кој се вградува во Outlander ја освои наградата „RJC Technology of the Year 2014“ која ја доделуваат истражувачите и новинарите од автомобилската индустрија во Јапонија. Инаку, Outlander PHEV plug-in, освои 5 ѕвездички на Euro NCAP тестирањата за безбедност, според кои, возилото е оценето како исклучително безбедно со високо ниво на заштита во однос на складирањето на батеријата и компонентите од електричниот систем, кои останаа целосно неоштетени при тестирањата.

- Реклама -