Најбизарните прашања некогаш поставени на Google

Луѓето навистина „гуглаат“ сешто.Меѓу останатото и како да сокријат мртво тело, да поминат неказнето за убиство и како да натераат мачка да ги сака.

Колку бизарни работи се мотаат во главите на корисниците покажуваат поимите и речениците кои постојано се впишуваат во полето за пребарување секој месец, стои во извештајот на Fox Business.

Австралиската SEO  (Search Engine Optimisation), на основа на автоматските функции состави листа од најбизарните нешта што се впишуваат на Google, а кои покажуваат дека интернетот навистина има „темна“ страна.

Погледнете ги најнеобичните прашања на Гугл корисниците:

– 110 луѓе месечно сакаат да дознаат повеќе за состаноците на мачките.

– 390 прашања гласат – „Како мачката да ме засака?“

– 1.000 прашања месечно се однесуваат на „ Како да сокриеш мртво тело?“

– Речиси 2.000 пребарувања се однесуваат на тоа „ Како да поминеш неказнет/а за убиство?“

– 135.000 месечни пребарувања ја бараат гола Лејди Гага.

– 19.000 пребарувања се однесуваат на тоа „ Дали Лејди Гага е машко?“

– Речиси 15.000 се прашуваат „ Како да повикам дечко на состанок“?

– Речиси 10.000 корисници бараат лек за „скршено срце“.

– Околку 5.500 луѓе прашуваат „ Како да имам љубовна афера?“

– Дури 40.500 корисници се запрашале зошто се венчале.

– 40.5000 бараат одговор како да освојат лото премија.

– 1.000 од нив бараат одговор на прашањето „Како се користи Google?“

– 4.400 се прашуваат како се „гугла“.

– „Дали постои Дедо Мраз“, прашуваат 60.500 луѓе месечно.

„ Зошто мажите имаат брадавици“, било впишано 18.000 пати во месецот.

- Реклама -