Тетовирање се со 3-Д печатач

Доколку сакате да се тетовирате, одсега тоа е возможно и преку 3-Д печатач, т.е. направен е 3-Д печатач специјализиран за да Ви ја истетовира тетоважата која ја посакувате.

Овој 3-Д печатач за тетовирање е изработен од група ентузијасти во Париз со грант доделен од страна на Француското министерство за култура и е всушност само обичен 3-Д печатач на кој има поставено игла за тетовирање, но она што е добро кај оваа машина е дека нема да направи грешка и истата ќе Ви ја изработи тетоважата четири пати побрзо од колку да одите во локал за тетовирање.

Тетовирајте се со 3-Д печатач (2)

Покрај ова, истата ќе може да ја добиете од комфорот на Вашиот дом и за истата ќе бидете сигурни дека иглата која се користи е чиста и нема да добиете никаква заразна болест.

Овој проект се очекува дека наскоро ќе се прошири низ цела Франција и пошироко.

Текстот е обајвен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -