Во Будимпешта за прв пат беше претставено беспилотно метро

Првата автоматизирана (беспилотна) линија на метро во Централна и Источна Европа беше отворена деновиве во Будимпешта. Возовите со иновативна технологија се доставени од француската компанија “Алстом” за линијата број 4 на метрото во унгарската престолнина.

Иако овој систем постои од 118 години, жителите и гостите на Будимпешта за првпат ќе се возат во беспилотно метро, а за да се навикнат патниците со новиот систем, во првата година од работењето во возовите ќе бидат обезбедени со кабини за управување, во кои ќе има диспечер. По истекот на овој период , ѕидот што ја дели кабината на возачот од зоната за патниците, ќе биде отстранет од техничарите на “Алстом”.

Овие возови можат да развијат брзина до 70 км / ч и имаат простор, кој им овозможува на патниците при потреба да преминуваат слободно од едната метрото на другата. Удобноста и безбедноста на патниците се дополнително зајакнати преку вграденета климатизација и современ информатички систем.

Новото метро во Будимпешта е дизајнирано во Франција. Неговиот погонски систем е произведен во Унгарија, а купетата и монтажата се направени во Катовице, Полска.
” Алстом ” повеќе од 70 години произведува решенија за метро. До денес , секој четврти метро- систем во светот е произведена од француската компанија .

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -