Амазонско племе со копја се брани од авион ( Видео)

Неодамна антрополозите имаа можност да му се приближат на едно изолирано племе во џунглите на Амазон и изненадувањето било обострано – збунетите припадници на заедницата за прв пат во животот виделе авион и почнале да претат со копјата за да се одбранат.

Племето до околу 200 луѓе живее во бразилската држава Акра, Владата применува „политика на неконтактирање“, но го надгледува подрачјето во кое што живее племето, на кое, инаку секојдневно му се заканува опасност од цивилизирани активности, како што се сечење на шумите, експлотација на руди, лов, риболов, пасење стока на нивната територија.

Старешините на племиња од овој дел барале од невладините организации што ги посетуваат, да им помогнат така што ќе го контролираат и намалат загрозувањето на нивните животи и обичаи.

- Реклама -