Три милиони луѓе го бараат исчезнатиот авион

Три милиони луѓе се вклучија во напорите предводени од сателитски оператор, за да се лоцира исчезнатиот малезиски авион. Сателитската компанија DigitalGlobe објасни дека нејзината зона за пребарување веќе е околу 24 000 квадратни километри и дека се повеќе фотографии се додаваат секој ден, вклучувајќи и  нови територии на Индискиот Океан.

Компанијата изјави дека повеќе од три милиони луѓе учествуваат во програма со околу 257 милиони прегледи на карти и 2.9 милиони означени области.

DigitalGlobe  ја  активира на 11 март својата платформа за обработка на информации од многу извори Tomnod, како и ги повика луѓето да погледнуваат слики со висока резолуција, снимени од нејзините пет сателити за да помогнат при потрагата. Реакцијата на интернет корисниците беше толку ентузијастичка што серверите на компанијата беа преоптоварени  минатата недела. Компанијата користи алгоритам наречен CrowdRank,  особено обрнувајќи внимание на областите обележани од повеќе луѓе истовремено. Аналитичарите на DigitalGlobe ќе ги разгледуваат така добиените податоци и ќе ги споделат информациите со властите.

- Реклама -