Сонувате дека паѓате, умирате, губите заби…? А знаете ли што точно значи тоа?

Околу толкувањето на соништата не постои консензус.

Психолозите и психоаналитичарите често се разликуваат во толкувањата. Но, некои сонови се повторуваат кај повеќето луѓе. Прочитајте кои се најчестите толкувања на најчестите сонови.

1. Паѓање

Психоаналитичарите го нарекуваат црвено знаме од потсвеста. Тие сонови се заеднички за луѓетоо со големи проблеми, без разлика на работа или приватно.

2. Паѓање на заби

Експертите не се согласуваат во врска со толкувањето на тој сон. Некои велат дека забите претставуваат сила и самодоверба, и ако паѓаат значи дека нешто се случува во животот на оној кој ги сонува што го натерало да ја изгуби самодовербата и вербата во себе. За другите, ако жените го имаат тој сон значи дека сакаат да забременат, а ако сакаат мажи, значи дека сакаат сексуална стимулација.

3. Доаѓање гол на работа или на училиште

Тој сон претставува ранливост и анксизност. Го сонуваат оние кои го менуваат работното место или се изложени во јавноста.

4. Решавање на тежок тест

Само перфекционистите го имаат тој сон. Тој ги предупредува секогаш да бидат спремни, да не се релаксираат.

5. Умирање

Тој сон предупредува дека сакате нешто да завршите, заклучите во животот. Тоа може да биде врска, работа или некоја нерешена приказна од минатото. Сонот го предупредува човекот дека е време за нов почеток.

6. Средба со некоја позната личност

Тој е еден од најчестите сонови кој всушнсот низ личноста која ја сонува ја рефлектира вредноста на сонувачот. Исто така, зборува и за потребата за признавање на поединци.

Foto: Thinkstock

7. Прогонување

Тоа е позитивен сон кој предупредува дека личноста треба да се соочи со некој проблем или да финализира некој договор.

8. Партнерот врши прељуба

Тој сон најчесто се сонува кога партнерот дава многу внимание или многу време поминува на работи во кои не е вклучен оној кој го сонува сонот.

9. Доцнење на некој закажан настан

Тоа е знак дека оној кој го сонува е преоптеретен и преполн со обврски.

10. Сон за летање

Овој сон зборува за оној кој го сонува да не се преоптеретува премногу со моменталната ситуација, бидејќи работите ќе се решат сами по себе.

11. Сон за бременост

Тој сон укажува на проблемите и желбата да започнете нешто ново или да влезете во љубовна врска.

12. Возење на автомобил кој е надвор од конрола

Оној кој го има тој сон нема контрола над својот живот.

- Реклама -