Модната недела во Скопје ќе ја обојат раскошните цветови

Првата недела од следниот месец ќе биде во знакот на модата.Имено, истата, ќе ја одбележат ревии на дваесет македонски дизајнерски имиња и модни куќи во рамките на деветтото издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 1 до 6 април на неколку локации во Скопје.

Најновиот каталог кој ќе ја следи деветтата сезона е во знакот на „Next nature“(Следна природа) која ја дизајнираат новите културни навики и новата технологија водена од динамичното секојдневие.

Обединетите црвена и сина боја преточени во магента, прелеани со раскошни 3Д цветови ќе го обојат модниот април.

Сезоната пролет –лето 2014 по втор пат ќе ја отвори првоаприлски моден маскенбал во клубот „Станица 26“ како најава за многу мода и забава кои ќе го исполнат шестдневното случување.

nasss

Во шоурумот во концептуалното кафуле „Концепт 37“  веднаш по ревиите, колекциите на дизјанерите и модните куќи ќе бидат достапни за купувачите во текот на целиот ден потоа.

Моден викенд Скопје го прави ова со цел македонските дизајнерски имиња да им ги доближи повеќе на домашните љубители на модата.

Брендот „Hard to explain“ со моделите на Катерина Попева и Марија Дацевска ќе се претстави низ моден перформанс пред нивното ателје во Старата скопска чаршија.

Модната куќа Елена Лука ќе прикаже уникатни креации со арома на лукс кои ја следат елегантната силуета на жената.

Во рамките на пролетниот Моден викенд ќе ги видиме и моделите на Јасмина Дракул и модната куќа „Mcouture by Mila Kadriu“ која на моден бранч во градина ќе ја прикаже најновата колекција.

Салонот „Ауди- Порше Македонија“ ќе биде местото на случувањата во последните три дена.

Таму со групна модна ревија ќе ги видиме студентите од Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје.

Победниците на проектот „Поп! Мода“, од минатогодишното пролетно издание на Моден викенд , Виктор Цветановски, Ана Камчева и Алмир Мили овојпат ќе претстават капсулни колекции.

На истата локација ќе ги видиме ревиите на Никола Петровски, Стефанија Насеска, Марјана Рујаноска, Бобан Илиевски и неговиот „Chic Undercowear“ , Ирина Тошева, „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ и брендот „Lidiya Georgieva“.

Со моден перформанс ќе ги видиме : Елена Спасовска инспирирана од кабаре, Роберт Ивановски и за прв пат Ивана Јованоска. Деби модна ревија ќе има и ателје Оливера Штакоска.  Пролетниот Моден викенд Скопје ќе го затвори најновата колекција на Росица Мршиќ.

- Реклама -