Секс за време на пости?

За верниците,  православни христијани,  Велигденските пости веќе започнаa и ќе траaт до 20 април. За време на постот, освен од апстиненција кон месо и друга тешка храна, треба да се воздржите и од сексот.

Според Светото Писмо сексуалните односи за време на пост не се забранети, но не се пожелни. Сепак, ако сопружниците не можат да се воздржат, подобро е да се оддадат еден на друг. Меѓутоа, различни свештеници имаат различни ставови.

Прв став: Ако строго се држите до постот, сексот е забранет дури и за брачните двојки. Ако не можете да издржите до Велигден, можете да се обратите кај свештеник, кој ќе ве „ослободи” од овој дел од постењето.

Втор став: Од друга страна, други ја штитат тезата дека кога двајца луѓе се сакаат, тоа не му пречи на Бог. Особено кога овие двојки се посветени еден на друг во брак, благословени од црквата.

Верниците експлицитно го отфрлаат сексот без љубов, неверството и различните „перверзии” за време на великиот пост.

- Реклама -