Не сфаќате дека поради овие пет работи постојано се разболувате

Добро спиете, здраво се храните, па зошто сте постојано болни? Можеби ќе ве изненади одговорот дека ослабениот имунитет лежи во некои од следниве активности.

Не доручкувате

Веќе сигурно сте го слушнале ова- доручекот е најважниот оброк во денот. Но, доручекот не игра улога само во зголемувањето на енергијата и стимулирање на метаболизмот, туку игра и голема улога во целокупното здравје.

Преку 60 проценти од антителата кои се борат против инфекции се наоѓаат во цревата, па затоа е исклучително важно да се оддржи здрав дигестивен систем. Појадокот е идеално време да се исполниме со пробиотици, пријателски бактерии кои имаат корисни ефекти врз стомакот и дигестивниот тракт.

Бурно реагирате

Сите ние имаме моменти кога мислиме дека ништо не оди од рака. Но, ако го изгубите својот темперамент секој пат кога нешто ве фрустрира, тоа влијае многу повеќе на нивото на вашиот стрес.

Зголеменото ниво на кортизол го зголемува нивото на шеќер во крвта и ја намалува моќноста на имунолошкиот систем. Ефектите од таквата реакција можат да потраат со денови. Затоа, следниот пат кога нешто ќе ве изнервира, земете длабок здив и обидете се да се смирите. Тоа е добитна комбинација на многу нивоа.

Не вежбате

Нема да се шетате во костум за капење во текот на целата година, но тоа не значи дека не треба да вежбате во текот на целата година. Вежбањето не е важно само за линијата.

Покрај очигледното согорување на калории, секојдневната вежба го зајакнува имунолошкиот систем во борбата против вирусните и бактериските инфекции. Важбањето ги брка бактериите од белите дробови, што ја намалува можноста за разболување. Освен тоа, помага антителата и белите крвни клетки да циркулираат побрзо низ телото и побрзо ја бркаат потенцијалната болест. Зголемената температура на телото помага во превенција на размножувањето на бактериите.

Инфицирани површини

Веројатно користите мобилен повеќе отколку би сакале да признаете. А знаете ли дека површината на вашите мобилни телефони е повалкан од тоалетната школка?

Површините на кои најмногу се задржуваат вирусите најчесто се оние кои најчесто ги допираме. Пред да излезете од тоалетот вие ги миете рацете, па нека ви стане навика да ја бришете површината на мобилните со дезинфекциски марамици. Внимавајте и на тастатурата, глувчето, рачките од вратите, играчки, далечински управувач, телефони…

Не ги миете рацете

Пред ручек или вечера сите ги миеме рацете, но што е со непланираните меѓуоброци? Ако ставите нешто во уста пред да ги измиете рацете, секако дека ќе внесете и некои бактерии во устата. Контактот на рацете со лицето се смета за виновник во третина од сите причинители на грип. Исто така, потсвестното допирање на нос или уста може да ги рашири бактериите. Па затоа, следниот пат кога ќе одлучите да ја потпрете главата со рака, размислете повторно.

- Реклама -