Сигурно никогаш повеќе нема да дозволите келнерот да ви стави лимон во чаша

Парче лимон во чаша вода или во некој друг пијалок е вообичаена работа. Но, дали некогаш сте помислиле дека при тоа внесувате многу повеќе супстанци во вашето тело? И тоа од оние непожелните.

За време на истражување спроведено од Journal of Environmental Health, истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторани кои ги посетиле 43 пати. Утврдиле дека дури 70 проценти од парчињата лимон содржат микроорганизми.

Примероците се земени штом пијалокот е послужен, пред неговото пиење или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите, научниците можат само да претпоставуваат.

„Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажаа дека широк спектар на микроорганизми може да опстојат дури и на исечен лимон. Сопствениците на рестораните и кафулињата би требало да бидат повеќе свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат и потенцијално патогени микроорганизми“, се наведува во истражувањето.

Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија на универзитетот NYU Langone Medical Center, спровел десетина слични истражувања. Открил дека дури пола парче исечен лимон е контаминиран од човечки фекалии поради директниот контакт и допирање со прстите. Забележано е, всушност, дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во контакт со другите намирници или ги миеле чашите, а потоа ја допирале храната и лимонот без заштитни ракавици и без претходно да ги измијат рацете.

На лимонот може да се пренесат бактерии и доколку не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање. Тиерно вели дека постои можност корисникот поради тоа да се разболи, но вели дека не постои голем ризик.

Слични микроби се пронајдени на предметите за сол, бибер, кечап, масло и приборот за јадење.

- Реклама -