Воздухопловен хорор – Застрашувачко слетување на аеродромот во Билбао (видео)

Билбао е прекрасен град, со прекрасни луѓе, прекрасен амбиент, прекрасна храна… и еден од најлошите светски аеродроми. Аеродромот е познат по лудо силните ветришта кои дуваат над пистата, кои често знаат тотално да ги извадат авионите од колосек. Доказ, видеово снимено минатата недела, на кое може да се види колку страшно може да биде слетувањето… односно обидот за слетување.

Еве уште едно, не многу постаро, за да се чувствувате подобро додека удобно седите во безбедноста на својот дом.

Ах да, заборавивме да спомнеме дека снимките се од новиот аеродром на Билбао, изграден поради лошите услови на стариот, исто така легендарен кошмар меѓу пилотите.

- Реклама -