Ова е најголемото куче во Британија, а се уште е кутре!

Кучето Фреди е високо 2, 24 метри, кога ќе се исправи на задните нозе.Иако официјално не е направено мерење, сосема е јасно дека Фреди е најголемото куче во Велика Британија.

„ И покрај неговата големина, Фреди се уште е моето бебе. Не можам да го замислам животот без него“, вели Клер Стонмен од Есекс.

Фреди неделно јаде храна вредна 100 евра, а за 18 месеци уништил 14 кревети.

„Многу ќе ми недостасува  неговата игривост кога ќе порасне, но нема да ми недостасува уништувањето на мебелот“, додава Клер.

- Реклама -