Мистерија: Зошто Стив Џобс секогаш носеше црна ролка и Левис 501 фармерки?

Стив Џобс подеднакво беше познат како по своите компјутери, ајподи, така и по својот изглед во кој ја задржа црната ролка и Левис 501 фармерките.Тоа беше неговата униформа. Па во што е тајната на црната ролка на Стив Џобс?
Секое утро Стив Џобс би го отворил својот орман и би ја земал црната ролка од купот такви. По навика, без размисување и без потреба да носи одлуки. Ова е навика на ефективни лидери.

Е сега, замислете некој кој секое утро селектира  маица, кошула, маица по долги ракави, па гледада ги совпадне боите или панталоните, па потоа гледа дека сепак не е надвор толку ладно, па менува се.

До моментот кога се подготвувате  за на работа, когнитивниот „буџет“ е зголемен и тоа за десет одлуки кои мора да ги донесте.

Стив Џобс е во предност со десет одлуки кои може да ги искористи на работното место.

Навиките на успешните луѓе се тука да го намалат оптеретувањето за помалку важни нешта. Тие им даваат можност на луѓето, да ја потрошат  енергијата  на нешто друго. Тие најдобро го користат „буџетот“ за најважни цели.

- Реклама -